Телохранителот на Меси се вкучи во турканица на сред терен па доби суспензија (ВИДЕО)

На телохранителот на Лионел Меси, Јасин Чеуко му е забрането присуство на следните натпревари на Лига купот кој се одржува на американскиот континет поради „недолично однесување“, како што стои во соопштението на официјалните лица.

Комисијата одлучи дека телохранителот на аргентинскиот ас кој немал акредитација за присуство на теренот се однесувал недолично во обидот да го спаси својот килент од можна тепачка по натпреварот помеѓу Интер Мајами и Атлас кој се одигра на 30. јуни.

Како што може да се види на снимката Чеуко интервенира по турканица по крајот на средбата и оттргнува два противнички фудбалери од близината на Лионел Меси.

Се вчитува...