Нов натпревар и нова голеада на Борусија Дортмунд

Борусија Дортмунд одигра уште еден пријателски натпревар исполнет со голем број на постигнати голови. Овој пат на средбата против Лил мрежата се тресеше пет пати, а германскиот клуб беше оној кој се израдува на победа од 3-2.

Голеадата ја започна Грос со гол во 13. минута, а до полувремето за германскиот тим стрелаше и Гираси кој реализираше пенал во 41. минута. Харалдсон успеа да намали на 2-1 во 66. минута, но само две минути подоцна Адејеми постигна гол за 3-1. Поразот го ублажи Муние во 82. минута.

Се вчитува...