Аргентинскиот голман Езикиел Унсаин кој настапува за мексиканската Некакса доби животна лекција на натпреварот против Интер Мајами.
Неговиот клуб и Интер Мајами се сретнаа во второто коло од Лига купот и одиграа драматичен натпревар чиј победник беше решен по изведување пенали.
Унсаин не успеа да одбрани ниту еден од нив, а стана и хит на социјалните мрежи бидејќи се обиде да го дефокусира еден од најискусните на теренот, Џорди Алба предизвикувајќи го да шутира на десната страна.
Шпанецот со пребогато искуство го прифати предизвикот и изведе перфектен пенал па имаше и збор, два за Аргентинецот.
Goalkeeper tried playing mind games with Jordi Alba and it didn’t work in his favor 😂 pic.twitter.com/4UZosKKBO7
— Major League Soccer (@MLS) August 3, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

