Во натпреварот од 18. коло на бразилската Серија А, Сантос го победи Хувентуд со 3-1, а првата ѕвезда на тимот, Нејмар, конечно ја покажа својата некогашна форма.
И откако Нејмар се врати во клубот што го направи познат, бразилскиот гигант победува само кога сопственикот на рекордниот трансфер во светскиот фудбал ќе направи нешто, гол или асистенција. Овој пат тој беше стрелец против Хувентуд.
И тоа двапати во победата од 3-1. Прво, одлично се снајде по одбиена топка и во 37. минута му донесе водство на домаќинот од 1-0.
Нејмар ги запечати трите бода за Сантос со втор гол, овој пат од пенал во 80. минута. Ова се првите голови на Нејмар по натпреварот пред еден месец со Фламенго, кога го постигна единствениот гол на натпреварот. Тогаш Сантос ја оствари последната победа.
GOOOOOOOOL DO NEYMAR!!!!!! 🥶 pic.twitter.com/NNjsbbSDFY
— Brasil Football 🇧🇷 (@BrasilEdition) August 4, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

