Трансферот на Сон во Лос Анџелес ќе биде рекорден

Сон Хеуин-мин по девет години поминати во Тотенхем заминува од клубот каде што доби легендарен статус и кариерата ќе ја продолжи во МЛС првенството каде ќе постави нов рекорд кога станува збор за транфсерите.

Преминот на капитенот на јужнокорејската репрезентација во Лос Анџелес ќе изнесува 26 милиони долари со што ќе биде надминат рекордот кој го постави Атланта минатата година кога го ангажираше Емануел Лате за 22 милиони евра.

Сон премина во редовите на Тотенхем во 2015 година и настапи на 454 натпревари забележувајќи 173 голови и 101 асистенција. Претходно во Европа настапуваше и за Баер Леверкузен и ХСВ.

Се вчитува...