Португалија во шок: Почина легендарен фудбалер, екс-капитен на Порто

Еден месец по трагичната смрт на Диого Жота, фудбалска Португалија е потресена од уште една голема трагедија, откако денеска животот го загуби Жорге Коста, поранешен португалски репрезентативец и долгогодишен капитен на Порто.

Коста ја извршуваше функцијата спортски директор во Порто и денеска извршувал работи во клубот, давајќи и видео интервју за „Спорт ТВ“. Веднаш потоа на легендарниот капитен му се слошило, на лице место му била укажана прва помош од медицинскиот тим на Порто, по што со возило на брза помош бил пренесен до најблиската клиника.

Дијагнозата била срцев удар, лекарите сториле се, но не успеале да се изборат за животот на легендарниот дефанзивец, по што попладнево Порто и официјална ја потврди веста за огромната трагедија.

Се вчитува...