Интер Мајами победува и без Меси

Лео Меси не настапи поради повреда, но тука беше Луис Суазрез да ја преземе лидерската улога во тимот на Интер Мајами и да ја предводи оваа екипа до четвртфиналето од лига-купот.

Тимот од Флорида за противник го иамше мексиканскиот Пумас кој дури и прв дојде до водство, но Интер Мајами покажа и квалитет и карактер, стигнувајќи до целосен пресврт. Новото засилување Родриго де Пол го израмни резултатот пред крајот на првото полувреме на асистенција на Луис Суарез, а Уругваецот од пенал во вториот дел го донесе Интер во предност од 2-1.

Печат на победата на американскиот тим стави Тадео Алјенде, повторно на асистенција на Луис Суарез.

Се вчитува...