Фудбалскиот сојуз на Палестина објави дека во израелски напад е убиен познатиот фудбалер Сулејман ал-Обеид, кој во татковината го имаше прекарот „Пеле“.
Како што е наведено во соопштението, Ал-Обеид е убиен брутално, додека чекал хуманитарна помош на јужниот дел од појасот Газа.
Тој имаше 41 година и беше татко на пет деца. Во текот на својата кариера постигна над 100 погодоци, а беше стрелец и на неколку важни голови за репрезентацијата на Палестина на меѓународно ниво.
Бројот на убиени од Фудбалскиот сојуз на Палестина сега порасна на 321, меѓу нив се играчи, тренери, судии, членови на управа и административци во куќата на фудбалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

