Тадиќ и откажа љубов на Црвена Звезда за изненадувачки трансфер

Српскиот репрезентативец со богато искуство настапувајќи во едни од најдобрите европски шампионати, Душан Тадиќ беше голема желба на Црвена Звезда, но ова лето до трансфер во белградскиот клуб нема да дојде.

Тадиќ ја одби мега понудата на „црвено-белите“ за преселба во Обидинетите арапски емирати каде ќе настапува за Ал Вахда.

Клубот кој имаше разочарувачка сезона завршувајќи на третото место во тамошното првенство ова лето формира тим за респект во кој главен адут ќе биде токму Србинот кој е пред потпис на двогодишен договор во кој за втората сезона дополнително ќе се одлучува.

Се вчитува...