КЛ: ВАР му пресуди на Партизан, Хајдук со пресврт славеше против Динамо Тирана (ВИДЕО)

Белградски Партизан е пред елиминација во Конференциската лига на УЕФА откако на домашен терен загуби со 0-2 од шкотски Хибернијан во првиот натпревар од 3. квалификациско коло.

Во главно израмнет меч, гостите беа нешто поискусни и поумешно дојдоа до победата откако Партизан остана со играч помалку по исклучувањето на Ѓурѓевиќ во 34. минута. Па, гостите веќе во 40. минута дојдоа до водство од 0-1 со голот на Бојл.

Истиот играч во 70. минута од пенал ги постави конечните 0-2. Беше досуден сомнителен пенал дури по интервенција на ВАР-системот…

Сплитски Хајдук, пак, со пресврт славеше со 2-1 против Динамо Тирана. Гостите поведа со голот на Брегу во 37. минута, но потоа Хајдук со два гола во вториот дел дојдоа до победа.

Се вчитува...