ВИДЕО: Партизан во Шкотска прими гол каков еднаш се гледа!

Белграски Партизан по само едно полувреме успеа да ја анулира предноста на шкотски Хиберниан од 0-2 од првиот натпревар во Белград во 3. квалификациско коло за Конференциската лига на УЕФА.

Имаа „црно-белите“ 0-2 по првите 45 минути на гостувањето во Шкотска, а потоа следеше вистински шок за белграѓани по неверојатен гол кој ретко се гледа.

Во 60. минута Боуви постигна спектакуларен гол со шут од 35 метри, лобувајќи го голманот на Партизан па ја намали предноста на гостите на 1-2. Со ваков резултат, Хиберниан сега повторно е поблиску до следната рунда натпревари.

Се вчитува...