Тиквеш со двајца странци го комплетираше ростерот за новата сезона (ФОТО)

Македонскиот прволигаш Тиквеш го комплетираше ростерот за новата сезона официјализирајќи ги договорите на странските кошаркари Си-Џеј Џексон и Лук Андерсон.

Џексон ја покрива бековската позиција и во Кавадарци доаѓа од редовите на словенечка Приевиџа со која минатата сезона настапуваше и во ФИБА Еврокупот бележејќи просек од 11.9 поени, 8.4 асистенции и 3.4 скокови на осум одиграни натпревари.

За Андерсон пак ова ќе биде првата сезона во Европа по настапите за Универзитетот Џејмс Мадисон. Крилниот кошаркар минатата сезона одигра 13 натпревари во НЦАА1 лигата забележувајќи 4.2 поени и 2.5 скокови во просек.

Се вчитува...