Кристијан Кук е најновото засилување на КК Гостивар откако овој клуб тргна во офанзива и во последните десетина дена ангажираше бројни кошаркари во своите редови.
Кук е американски кошаркар кој доаѓа од Универзитетот Њу Мексико, каде беше лидер на својата екипа во НЦАА-лигата со просек од 16 поени по натпревар.
„Добредојде на Кристијан Кук – американецот од New Mexico State! Одлични бројки по натпревар во NCAA, познат по прецизниот шут од далечина и борбената игра. Со него тимот влегува посилен и поамбициозен во новата сезона“, објави КК Гостивар.
Гостиварци претходно ангажираа уште двајца Американци, центарот Итмон и бекот Мајерс, а нови членови на овој клуб се и искусниот Марјан Младеновиќ, потоа Иван Сапунџиев од ТФТ и Ренато Димитриевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

