Талиска е трагичарот на Фенербахче, Мурињо по ова ќе го остави пешки да се враќа до Истанбул

Жозе Мурињо и Фенербахче имаат за што да жалат откако веќе по првиот меч во новата сезона имаат негатива во однос на Галатасарај, по вечерашното реми на гостувањето против Гозтепе (0-0).

Дуелот го одбележа жестока борба, по еден црвен картон на двете страни, но Фенер ја имаше меч-топката во своите раце кога  беше досуден пенал во судиското продолжение.

Талиска ја презеде одговорноста, но искусниот напаѓач се посрамоти, најпрвин не реализираше од белата точка, а потоа во продолжение на акцијата имаше зицер од два-три метри без голман, но ја промаши целата топка и го чинеше Фенербахче два бода на самиот старт од оваа сезона.

Се вчитува...