Милер дебитираше со поништен гол во Ванкувер (ВИДЕО)

Легендарниот германски фудбалер Томас Милер на крајот на минатата сезона замина од редовите на Баерн Минхен и кариерата ја продолжи во канадскиот тим Ванкувер за кој дебитираше на натпревар против Динамо Хјустон.

Германецот доби шанса во 61. минута од средбата на големо задоволство на 26 илјади навивачи на стадионот „БЦ Палас“ кои го пречекаа со громогласен аплауз, а само неколку минути подоцна успеа и да ја затресе мрежата со фантастичен удар надвор од шестнаесетникот, но голот беше поништен поради офсајд.

Натпреварот заврши со резултат 1-1.

Се вчитува...