Себастијан Халер ова лето и дефинитивно ја напушти Борусија Дортмунд потипишувајќи едногодишен договор со Утрехт.
Холандскиот тим е добро познато место за напаѓачот кој минатата сезона ја помина во истата средина како позајмен фудбалер постигнувајќи шест голови со што имаше придонес тимот да заврши на четвртата позиција на табелата, а ги бранеше боите на клубот и од 2015 до 2017 година кога на 65 натпревари постигна 30 голови.
„Среќен сум и задоволен. Ова лето постоеше голем интерес од други клубови, но за мене постоеше само едно сценарио, а тоа е Утрехт. Направивме нешто големо минатата година и сакам да останам дел од таа приказна“, изјави Халер.
Meteen aan het werk! ⚙️ pic.twitter.com/QODNEUNkth
— FC Utrecht (@fcutrecht) August 18, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

