Пелистер го врати Никола Малешевиќ

Екипата на Пелистер денеска го претстави своето прво засилување за новата сезона, и тоа повратникот во зелено-белиот табор, српскиот интернационалец Никола Малешевиќ.

Крилниот кошаркар две години со успех ги бранеше боите на битолчани, потоа мина кратко време и во Работнички, а откако ланската сезона ја мина во Слобода Ужице.

„Со гордост можеме да го претставиме нашето прво засилување за новата сезона, кошаркар добро познат на битолската публика – Никола Малешевиќ повторно ќе го носи дресот на Пелистер откако и официјално потпиша договор со нашиот клуб. Српскиот кошаркар со голем успехм ги бранеше зелено-белите бои во периодот од 2020 до 2022 година, помагајќи нашиот тим да стигне до финалето во плејофот. Тоа беше сезона во која Малешевиќ беше еден од најдобрите кошаркари не само во Пелистер, туку и во целокупната Прва лига, па на обострано големо задоволство успеавме да ја обновиме соработката и повторно да го донесеме овој искусен кошаркар во нашите редови. Тој веќе е пристигнат во Битола и почна со работа, неколку дена пред официјалниот старт на подготовките за следната сезона, закажан за наредната седмица“, објави КК Пелистер.

Се вчитува...