Господин 100: Роналдо е уникат во светскиот фудбал (ФОТО)

Финалето на Саудискиот Суперкуп помеѓу Ал Наср и Ал Ахли се игра во Хонг Конг, а легендарниот Португалец повторно беше еден од главните актери. Кристијано Роналдо ја затресе мрежата на Едуар Менди во 41. минута и стигна до интересен јубилеј.

Имено, голот за 1-0 од пенал беше 100-ти на Роналдо за саудискиот клуб, со што стана првиот играч во историјата на фудбалот кој постигнал најмалку 100 гола во четири различни клуба.

Тој успеа да стигне до бројката 100 и во Манчестер Јунајтед, Јувентус и Реал Мадрид.

 

Се вчитува...