Дуелот помеѓу Брегалница и Шкупи во пионерска конкуренција го одбележа тежок инцидент, откако дел од публиката која го симпатизира Шкупи пред крајот на натпреварот влезе на терен и нападна неколку играчи на пионерскиот тим на Брегалница, по што двајца играчи завршија во болница, пренесува САКАМДАКАЖАМ.
Инцидентот се случил во последната минута од мечот на деца родени 2010 година, во миговите кога резултатот бил 2-1 за Брегалница. Настанала општа тепачка, по која двајца домашни фудбалери со тешки повреди се пренесени во болница во Штип, а полицијата го приведе главниот напаѓач, и против него ќе биде поднесена пријава.
Ова е уште еден инцидент во серијата на младински категории. Лани имаше инцидент во Детската лига, при што ФФМ донесе одлука за забрана за присуство на публика на натпреварите од северниот регион во Детската лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

