Нереални скандали го тресат Реал Мадрид. Денес пристигна уште еден, и повторно во главна улога Чуамени со Валверде кои, по она вчера, денеска имале нова жестока физичка пресметка, по која вториот завршил во болница.
Вистински хаос владее во Мадрид. Играчите на Реал целосно го изгубија компасот, па вчера се појавија информации за физички конфликт меѓу Чуамени и Валверде.
Но, тензиите меѓу двајцата не се смириле и денеска, па ситуацијата ескалирала.
„Аурелиен Чуамени и Феде Валверде повторно во физички контакт денес. Вчера само се скараа, но денес сè беше многу полошо“, објавува Марка, додавајќи дека Уругваецот завршил во болница.
„Валверде отишол во болница по тепачката. Реал моментално одржува итен состанок. Новиот инцидент беше исклучително сериозен. Затоа клубот одлучи да одржи итен состанок. Конфликтот беше толку сериозен што неколку играчи мораа да го спречат хаосот. Овој конфликт само ги потврдува уништените односи во клубот. Атмосферата во клубот е максимална напната, нервите се растргнуваат, има внатрешни поделби и се чини дека ситуацијата е далеку од решена“, пишува „Марка“.
Ова ги преминува сите граници и претставува целосен распад на системот во еден од најголемите клубови во светот.
Чуамени и Валверде вчера влегоа во жестока расправија, а соиграчите на почетокот помислија дека станува збор за класична расправија на тренинг. Сепак, ситуацијата набрзо излезе од контрола, имаше туркање, а потоа и отворена физичка пресметка.
Ситуацијата дури и не се смири, а денес имаше нова пресметка. Наводно, Алваро Арбелоа и дел од тренерскиот штаб се обиделе да ги смират страстите, но ниту авторитетот на тренерот не помогнал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
