Маџари потпиша со двајца репрезентативци на Македонија

Екипата на Маџари ги стартуваше подготовките за новата сезона засилена со двајца нови квалитетни домашни кошаркари, актуелни репрезентативци во А-селекцијата.

Амир Хот и Марко Луканоски се нови членови на дебитантот во елитното друштво откако двајцата репрезентативци ги ставија потписите на договорите со Маџари.

Хот е крилен центар кој импресионира со борбеноста во рекетот, тој во последните години настапуваше за неколку различни екипи, а ланската сезона ја мина во дресот на Работнички.

Луканоски е актуелен младински и сениорски репрезентативец на Македонија, перспективен центар кој беше дел од КК Вардар, ланската сезона ја мина во младинската школа на Игокеа, а со овој трансфер се враќа назад во мак-баскетот.

Покрај со двајцата сениорски, тимот на Маџари потпиша договор и со кадетскиот репрезентативец на Македонија, Стефан Сапроновски кој во следната сезона ќе биде дел од дебитантот во македонското елитно кошаркарско друштво.

Се вчитува...