Неверојатно луд натпревар меѓу Израел и Италија се одигра во унгарски Дебрецин во Групата И од квалификациите за СП 2026.
Во меч со бројни пресврт и дури девет гола, Италија триумфираше со 4-5 благодарение и на голот на Тонали во 91. минута.
Израелците водеа со 1-0 и со 2-1 потоа, за да Италијанците успеат да свртат до 2-4 со головите на Моис Кин, Политано и Распадори. Сепак, за драмата да продолжи се погрижија Израелците кои со автоголот на Бастони во 87. минута и Перец во 89. минута дојдоа до 4-4. Но, Тонали во 91. минута постигна гол за победа од 4-5 на тимот на Џенаро Гатузо.
Во Групата Б, пак, Косово славеше против Шведска со 2-0. Речбечај во 26. минута и Муриќи во 42. минута беа стрелци на головите за победа на Косово.
Во Групата Ј, Хрватска убедливо со 4-0 триумфираше против Црна Гора со головите на Јакиќ, Крамариќ, автоголот на Куч и Иван Перишиќ.
ГРУПА Б – РЕЗУЛТАТИ
Косово – Шведска 2-0
Швајцарија – Словенија 3-0
ГРУПА Ц
Белорусија – Шкотска 0-2
Грција – Данска 0-3
ГРУПА И
Израел – Италија 4-5
ГРУПА Ј
Хрватска – Црна Гора 4-0
Гибралтар – Ф. Острови 0-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

