Силен земјотрес ја прекина прес-конференцијата на селекторот на Грција (ВИДЕО)

Фудбалерите на Грција претрпеа убедлив пораз од Данска (3-0) во квалификациите за Светското првенство, а тренерот на таа селекција,  Иван Јовановиќ, беше во центарот на вниманието. И тоа, поради бизарна ситуација!

За време на неговото излагање на прес-конференцијата, се случи земјотрес! Сè почна да се тресе, беше многу непријатно и никој не знаеше точно што се случува, а видеото од оваа ситуација ја обиколи планетата.

За среќа, сè брзо заврши, а Јовановиќ додаде:

„Денеска  сè беше погрешно, почнувајќи од мојата подготовка за натпреварот!“, изјави Јовановиќ. 

Погледнете како изгледаше оваа ситуација (на следното видео на 26:40 од почетокот):

Се вчитува...