Пелистер се засили со најдобриот кошаркар на Кожув

Пелистер од денеска е посилен за уште еден американски кошаркар откако на „зелено-белите“ им се приклучи Си-Џеј Вилсон, 31-годишен поентер кој во новата сезона ќе ги брани боите на битолскиот прволигаш.

Вилсон е добро познато име ако се знае дека тој минатата сезона ја мина во македонскиот шампионат носејќи го дресот на Кожув. Токму Американецот беше најдобар кошаркар на Кожув ланската сезона, што беше препорака за управата на „пелистерци“ да го вклучи во својата листа на желби, што на крајот резултираше со релизација на овој трансфер.

Си-Џеј Вилсон пред Кожув настапуваше и во Полска, каде со 22,3 поени по натпревар беше најдобар стрелец во својот тим, а претходно беше дел и од шампионатите на Романија, Шведска, Албанија и БиХ.

Вилсон е петтото странско засилување за Пелистер сезонава, по Никола Малешевиќ, Џордан Скипер-Браун, Остин Прајс и Брејси Дејвис.

Се вчитува...