Македонските „пациенти“ – Ерменците ја победија Ирска, Украина ремизираше со Азербејџан (ВИДЕО)

Редовните македонски „пациенти“ последниве години, селекцијата на Ерменија славеше победа од 2-1 против Ирска во 2. коло од Групата Ф во квалификациите за Светското првенство 2026.

Ерменците поведоа со голот на Спертсјан од пенал во 45. минута, а потоа зголемија и на 2-0 со голот на Ранос во 51. минута.

Ирска успеа само да го ублажи поразот со голот на Фергусон во 57. минута.

Азербејџан и Украина одиграа без победник (1-1) во Баку.

Украинците поведоа со голот на Судаков во 51. минута, но домашните израмнија за конечни 1-1 со голот на Махмудов од пенал во 72. минута.

Се вчитува...