Роналдо ги поместува границите, стигна уште еден неверојатен рекорд

Кристијано Роналдо продолжува да ги поместува границите во професионалниот фудбал откако португалскиот ветеран стрелаше прецизно на гостувањето против Унгарија.

Тоа беше вкупно 941. гол на Роналдо во кариерата, со кој Кристијано успеа да стигне уште еден неверојатен рекорд во светскиот фудбал.

Имено, погодокот во Будимпешта беше вкупно 39. за легендарниот напаѓач во мундијалските квалификации, со што Кристијано се израмни со досегашниот апсолутен рекордер Карлос Руиз од Гватемала. Со оглед на фактот дека има уште натпревари до овој квалификациски циклус, јасно е дека Роналдо ќе стори се за да го урне целосно и овој рекорд, за сам да биде на тронот.

Се вчитува...