Филмон Гебревит е четвртиот странец во редовите на новиот прволигаш Маџари, со кој дебитантот во елитното друштво го заокружи ростерот за наредната натпреварувачка сезона.
Тимот предводен од перспективниот стратег Миодраг Тодоровиќ веќе ги стартуваше подготовките за новата сезона, а Гебревит би требало да биде последниот дел од „мозаикот“ во екипата чија главна цел ќе биде влез во Топ 8 и обезбедување на опстанок во елитното друштво.
Гебревит е кошаркар кој настапува на позициите два и три, кој со прецизниот шут од далечина, но и одличната одбрана со која треба да даде дополнителен квалитет во тимот на Маџари.
Маџари претходно ги потпиша и Американците Артис Степлтон, Кристијан Лафајет и Џевон Грин, а нови играчи во дебитантската сезона во Првата лига се и македонските сениорски репрезетнативец Амар Хот и Марко Луканоски, како и кадетскиот репрезентативец на Македонија, Стефан Сапроновски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

