УЕФА најавува можни казни за Србија поради инцидентите на трибините за време на синоќешниот натпревар со Англија во Белград во квалификациите за СП 2026.
За време на скандирањето против претседателот Александар Вучиќ на трибините, избувна и тепачка кога на трибината се појавија маскирани лица во пресметка со „скандирачите“.
Медиумите од Србија објавуваат дека се снимени инцидентите, како и скандирањата поврзани со Косово, и дека ФИФА и УЕФА подготвуваат казни за Фудбалскиот сојуз на Србија. И претходно Србите беа казнети со затворање на дел од трибините и со парични казни, но сега постојат големи шанси ФИФА и УЕФА да ги казнат со барем еден домашен натпревар пред празни трибини.
Ова доаѓа во најлош можен момент за Србија, бидејќи во следното коло ја пречекуваат Албанија во Белград, па затоа воопшто нема да биде изненадување ако овој натпревар се игра пред празни трибини!?
SRBIJA NA ALBANIJU PRED PRAZNIM TRIBINAMA? 😱
Preti nam nova FIFA kazna, ova bi mogla da bude i kobna! #fudbalskareprezentacijasrbije https://t.co/U06KkoBlcu
— Sportisimo.rs (@sportissimo_srb) September 10, 2025
Натпреварот меѓу Србија и Албанија се игра на 14 октомври на „Маракана“, каде што се очекува огнена атмосфера, доколку ФСС не добие казна од УЕФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

