„Гласајте за мене, го имам договорено Бернардо Силва“

Кандидатот за претседател на Бенфика, Жоао Лопес, има намера да го потпише Бернардо Силва доколку победи на изборите.

Договорот на 31-годишниот играч од средниот ред со Манчестер Сити е до 30 јуни 2026 година. Бернардо е дипломец на клубот од Лисабон. Изборите за раководство на Бенфика ќе се одржат на 25 октомври.

„Можам да потврдам дека договорот за Бернардо е готов. Навистина сакам да го доведам во јануари. Тој е олицетворение сè што сакам да видам во Бенфика: идентитет, победнички менталитет и посветеност кон клубот. И ве уверувам дека нема да застанеме тука“, рече Жоао Лопес.

Се вчитува...