Марсијал ќе игра во првенството на Мексико

Антоан Марсијал е пред потпис со Монтереј од Мексико, каде што настапува шпанската легенда Серхио Рамос. Французинот доби зелено светло за трансфер од АЕК Атина, откако не ги оправда очекувањата и од грчкиот клуб, каде имаше голема плата, и поради тоа „жолто-црните“ се решија да се ослободат од него.

Монтереј е вистинска прилика, со оглед дека досега немаше заинтересиран клуб за неговиот потпис. Во минатото беше дел од Монако, од каде замина во Манчестер Јунајтед, и ветуваше многу, односно му предвидуваа голема кариера. Но, игрите беа далеку под очекувањата.

Во меѓувреме го загуби и местото во француската репрезентација во која последен пат беше во 2021 година, и одигра 30 меча, постигнувајќи само два гола.

Се вчитува...