„Пелистер расте како клуб, желбата е иста – да донесеме трофеј во кошаркарска Битола“.

Кошаркарскиот клуб Пелистер е подготвен за предизвиците што ги носи новата сезона, во која битолчани не ја кријат желбата повторно да бидат дел од самиот врв на македонската кошарка.

„Зелено-белите“ составија конкурентен ростер со кој  покрај домашните обврски ги очекуваат и европските предизвици, најпрвин квалификациите за ЛШ, а потоа и групната фаза од ФИБА Европскиот куп.

„Со оваа прес-конференција сакаме да ја најавиме новата сезона, во која влегуваме со промени во играчкиот кадар и во стручниот штаб. Би сакал да ја искористам оваа прилика да му се заблагодарам на новиот тренер Боро Даскаловски, кој ќе ја има нашата целосна поддршка. Ова е трета година од нашето преземање на клубот, среќни сме што растеме на резултатски план. Иако ланската сезона не мина најдобро на резултатски план, среќни сме и горди што растеме како клуб од година во година. Затоа и решивме и во новата сезона да одиме чекор напред, па за првпат во клупската историја ќе бидеме дел од европските купови, најпрвин со учество во квалификациите за Лигата на Шампионите, на 19 септември во Самоков. Дури и ако не ги минеме квалификациите продолжуваме понатаму и ќе играме во ФИБА Европскиот куп, имаме загарантирани ФИБА натпревари и историја – европски натпревари во нашиот град. Амбициите и за оваа сезона се на високо ниво, се надеваме дека ќе ја минеме групната фаза од ФИБА Европскиот куп (ако не ги минеме квалификациите за ЛШ), додека за домашнното првенство повторно ќе имаме високи цели, се надеваме дека годинава конечно ќе ја исполниме големата желба и ќе донесеме барем еден трофеј во Битола “, изјави директорот на КК Пелистер, Филип Ивановски.

Се вчитува...