Шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс, кој е во криза, официјално објави дека се разделуваат од својот извршен директор Патрик Стјуарт и спортскиот директор Кевин Телвел. Промените во гигантот од Глазгов по неубедливиот почеток на сезоната продолжуваат, а клубот пред околу еден месец го замени тренерот Расел Мартин со германскиот стручњак Дени Рел.
Патрик Стјуарт се приклучи на Ренџерс како извршен директор минатиот декември, откако претходно работеше во Манчестер Јунајтед, додека Кевин Телвел го напушти Евертон во летото за да ја преземе улогата на спортски директор во Иброкс.
Во ексклузивно интервју за „Скај Спортс Њуз“, претседателот на клубот, Ендру Кавана, рече дека на клубот „му е потребно нешто поинакво“ за да продолжи напред.
Стјуарт и Телвел се најдоа под притисок во последните месеци по тешкиот почеток на сезоната, а прашања се покренаа и околу голем број летни трансфери. Дуото го назначи Расел Мартин за менаџер во јуни, но клубот беше принуден да го отпушти по само 123 дена на чело, што го прави менаџер со најкраток стаж во 153-годишната историја на Ренџерс.
Миовски е во овој клуб од почетокот на сезоната, откако дојде од Џирона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

