Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо уште еднаш ја покажа својата дарежлива страна, подарувајќи персонализирани луксузни часовници од „Џејкоб и Ко“ на сите свои соиграчи во португалската репрезентација која ја освои Лигата на нации во јуни 2025 година , победувајќи ја Шпанија во големото финале на „Алијанц Арената“ во Минхен.
Како што откри новинарот на SIC, Нуно Луз, Роналдо лично ги нарачал часовниците од својот пријател и познат часовничар Јакоб Араб, а им ги предал часовниците на своите соиграчи во пресрет на првиот квалификациски натпревар за Светското првенство против Ерменија.
Роналдо не го заборави Диого Жота, кој загина во сообраќајна несреќа во јули. Роналдо на неговото семејство испрати часовник со неговото име и број како емотивна и трогателна почит.
Часовникот изработен е во само 35 примероци, а цената не е откриена, но со оглед на ексклузивноста и материјалите, вредноста се мери во десетици илјади евра.
Португалија одигра нерешено 2-2 со Шпанија во финалето во Минхен на 8 јуни, а победи со 5-3 на пенали. Роналдо беше клучна фигура за тимот во текот на целиот турнир, а овој подарок е само продолжение на неговата посветеност на националниот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

