Видео: Робот – голман го „излуде“ Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо се приближува до 1.000 гола во кариерата, но португалскиот ас се соочи со неочекуван проблем од белата точка да го најде патот до мрежата на последниот тренинг на Ал Наср, на кој против себе имаше голман – робот.

Португалецот најпрвин делуваше опуштено, првиот обид му беше бавен, но како што минуваа минутите му стануваше се појасно дека предизвикот е огромен.

Роботот бранеше се, Кристијано престана да се забавува и се обиде и со силни шутеви, но и тоа не му успеваше…

На крајот, секако победи Роналдо со милиметарски изведен пенал, на воодушевување на неговите соиграчи…

Се вчитува...