Забивање на годината!!? Остави „четворица на грб“ да „висат“! (ВИДЕО)

Дали веќе се има кандидатот за забивање на сезоната во НБА лигата? А, авторот е американскиот бек Ентони Блек од Орландо Меџик.

Блек направи незаборавен потег на самиот крај од натпреварот против Мемфис Гризлис во Флорида.

Две и пол минути пред крајот на натпреварот, Паоло Банкеро започна контранапад и му ја додаде топката на Блек, а потоа 21-годишниот бек се стрча кон кошот и отиде на забивање.

Дури четворица играчи на Гризлис се обидоа да го блокираат истовремено, но Блек беше незапирлив.

Бекот на Орландо направи моќно забивање, а Винс Вилијамс, Џеј Џеј Џексон, Санти Алдама и најголемата ѕвезда на Мемфис, Џарен Џексон Џуниор, останаа да „висат“.

Патем, Блек го заврши натпреварот, кој Орландо го доби со 118-111, со 21 поен, седум асистенции и шест скока.

Се вчитува...