Историски меч на Лука Дончиќ и тоа токму против „својот“ Далас

Словенецот Лука Дончиќ влезе во историјата на НБА како најмлад кошаркар кој постигнал 1.500 тројки.

Дончиќ ги предводеше Лејкерси до победа од 116-110 над неговиот поранешен клуб Далас, а освен второто враќање „дома“ откако го напушти Тексас, Лука ќе го памети натпреварот и по важно достигнување.

Со три тројки, тој стигна до бројката од 1.500 погодени шутеви надвор од линијата од 7,24 метри.

Дончиќ повторно беше особено инспириран против својот поранешен клуб, кој, да потсетиме, се ослободи од него затоа што беше „премногу дебел и неподготвен“ – постигна 33 поени, подели 11 асистенции и фати осум топки.

Шутираше 8/15 од поле, 14/15 од линијата за слободни фрлања.

Патем, Дончиќ е веќе блиску до Топ 50 најдобри шутери за тројки во историјата на лигата, бидејќи Џејсон Тејтум, Пати Милс и Еди Џонс се на 50-то место со 1.546 тројки.

На првото место е неприкосновениот Стеф Кари со 4.214 тројки.

Играчи со најмногу погодени тројки во историјата на НБА
Стефен Кари – 4.214
Џејмс Харден – 3.298
Реј Ален – 2.973
Клеј Томпсон – 2.819
Дамиен Лилард – 2.804
Леброн Џејмс – 2.599
Реџи Милер – 2.560
Кајл Корвер – 2.450
Пол Џорџ – 2.403
Винс Картер – 2.290

Се вчитува...