Вардар продолжува со головите на дуелот против Арсими во 17. коло од ПМФЛ во второто полувреме.
Но, ако во првото полувреме во преден план беа најновите зимски засилувања во тимот, сега на сцена оние првотимците кои го понесоа најголемиот товар на тимот во есенскиот дел од шампионатот.
Убава акција по левата страна на младинскиот репрезентативец Димитар Данев, кој одлично пред голот на гостите го пронајде Азер Омерагиќ, а капитенот на Вардар со извонредна реакција мајсторски стрелаше за 5-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

