Влатко Стојановски има нов клуб – се сели во Узбекистан

Влатко Стојановски се реши за нова интернационална епизода во кариерата откако македонскиот напаѓач ја прифати понудата да се пресели во Узбекистан.

Машал е новиот клуб на Стојановски, кој веќе беше претставен во Узбекистан како големо засилување за вториот дел од сезоната.

“Многу сум среќен што сум член на семејството „Машал“. Атмосферата и гостопримството во клубот ме привлекоа уште од првиот ден. Дојдов тука да освојувам титули. Напред, „Машал“, порача Влатко Стојановски на својата промоција.

Се вчитува...