Двократниот европски шампион Вардар вечерва со гостување во Лисабон кај портулската Бенфика го започнува походот кон Ф4 турнирот во второто по ранг континентално натпреварување, Лигата на Европа.
Иако првите три екипи од секоја група се пласираат во нокаут фазата, секоја победа ќе има големо значење во битката за што подобра позиција пред плеј-офот во Лигата на Европа. Вардарци сигурно ќе бидат пред Кристијанстад во новата група, па затоа двомечот со Португалците директно ќе решава за втората позиција во овој сегмент, ако се знае дека прв фаворит е Мелсунген на поранешниот стратег на „црвено-црните“ Роберто Гарсија Парондо.
Натпреварот кој ќе се игра во Лисабон е закажан за 18.45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

