Тренерот на Барселона, Ханси Флик, зборуваше за состојбата на Ламин Јамал, иднината на Роберт Левандовски и плановите на клубот за следната сезона, а им се заблагодари и на навивачите.
„Ламин е во контакт и со селекторот Луис де ла Фуенте. Тој е добар. Закрепнувањето напредува како што треба. Мислам дека ќе го видиме на Светското првенство. Сè уште има време да се опорави и да се врати. Тоа е она што го сака“, рече Флик.
Тој се осврна и на иднината на Роберт Левандовски во клубот следната сезона.
„Секако дека разговаравме, но тоа останува меѓу нас. Исто е со секој играч. Фокусирани сме само на оваа сезона, на следните пет натпревари. После тоа, ќе разговараме со сите и ќе видиме што ќе се случи“, заврши Флик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
