Силекс и „откина“ два бода на Шкендија, Македонија ЃП рутински против Шкупи (ВИДЕО)

Фудбалерите на актуелниот шампион на Македонија, Шкендија одигра реми 1-1 на гостувањето во Кратово кај Силекс во натпревар од 30. коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Откако во првата третина од првиот дел ниту еден од двата тима немаше шанса, првата разлика ја направија гостите која на крајот материјализираше со гол. Водство од 0-1 за актуелниот шампион на Македонија донесе Фахд Нзенге во 19. минута.

До крајот на првиот дел Силекс имаше убава двојна шанса во 35. минута, но голманот на гостите Гаје двапати одлично интервенираше.

Во второто полувреме тетовци останаа со фудбалер помалку откако Тамба доби втор жолт во 70. минута. Бројчаната надмоќ домаќинот ја материјализираше во 89. минута кога Александар Мишов ги постави конечните 1-1.

Во вториот меч од денешната програма Македонија Ѓорче Петров ја оправда фаворитската улога против „фенерџијата“ Шкупи славејќи со 0-4. Стрелци на головите за „лавовите“ беа Галевски и Николиќ на двапати.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...