Двократниот европски шампион Вардар стигна до голема победа на домашен терен против Бенфика од 33-27 во натпревар од третото коло од главната рунда во второто по ранг натпреварување на стариот континент, Лигата на Европа, со што македонскиот тим најмалку си обезбеди осминафинале.
А, еден од најзаслужните за големата победа над Бенфика беше голманот Милош Валах кој во првото полувреме имаше шест феноменални одбрани.
Една од нив избрана и како втора најдобра во изборот на ЕХФ ТВ….
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

