Стевче Алушовски имаше причина да биде задоволен од покажаниот карактер на тимот на Е. Пелистер, кој се врати по слабиот почеток, за во самиот финиш во драматичната последна минута преку Манасков да стигне до реми против ПСЖ.
Според Алушовски, камбекот против ваков реномиран ривал е јасен доказ за квалитетот на „пелистерци“, од кои нивниот тренер очекува да продолжат да растат како тим и врвот ќе го достигнат токму во клучниот дел од сезоната.
„Феноменален натпревар. Можам само да им честитам на ракометарите. Покажавме огромен карактер, и кога губевме со два гола разлика на само една и пол минута верувавме во себе и се вративме. Бевме нервозни на почетокот, правевме грешки, кои според мене не се грешки туку глупости, но кога играш против ПСЖ и пред ваква атмосфера, нормално е фокусот и главата да не ви бидат тука. Меѓутоа мислам дека од ден во ден екипата расте, почнуваме да веруваме во она што го работиме и во нашиот систем. Голема благодарност до битолчани, беше задоволство да се води оваа екипа од клупата“, изјави Алушовски по синоќешното реми со ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

