Апсолутни рекорди: Еден играч постигна 37 гола на ракометен меч во Македонија, тимот броеше до 86

Падна рекордот по бројот на постигнати голови на еден тим на ракометен натпревар во Македонија. Исто така падна и рекорд по број на постигнати голови од еден играч.

Станува збор за младинците на Мулти Есенс кои го декласираа тимот на Вардар Неготино со неверојатни 86-17. Како да се играше кошарка, а не ракомет во салата во Автокоманда.

Интересен е податокот што Бобан Поповски, играчот на домашниот тим постигна неверојатни 37 голови во мрежата на противникот. Нема податоци, но ова е сигурно еден од рекордните мечеви по бројот на постигнати голови како на тимски, така и на индивидуален план.

Се вчитува...