Олимпија Милано имаше +27, па „трепереше“ за победа над Барселона

Кошаркарите на Олимпија Милано имаа неверојатна вечер откако пред своите навивачи ја победија Барселона со 87-84. Резултатот е одличен за „Каталонците“ имајќи во предвид дека во еден момент, на крајот од третиот период имаа и предност од +27 поени разлика.

Но, Барселона ја доби последната четвртина со 9-33, и се доближи на само два поени во финишот, но немаше сили за нешто повеќе од овој натпревар и чудесен пресврт.

Ледеј беше најефикасен кај Олимпија Милано со 16 поени, додека Шенгелија кај Барселона постигна 15, исто како и Весели.

Валенсија на свој терен славеше победа над Жалгирис со 91-87 во драматична завршница. И покрај тоа што шпанскиот тим ја имаше предноста, во финишот гостите успеаја да додјат до „егал“ 87-87, потоа следуваа четири поени во завршницата за Валенсија, за конечен триумф.

Реал Мадрид дојде до победа над Виртус Болоња со 92-84. И тука одлуката падна во финишот, откако Виртус со предност влезе во последниот период, но клучна беше серија од 8-0 на „кралевите“ и од 77-77, дојдоа до 85-77, после која немаше враќање за гостите.

Тандемот Хезоња-Таварез беше незапирлив за гостите, додека Едвардс од италијанскиот тим беше најефикасен со неверојатни 29 поени, но ја немаше поддршката од соиграчите.

Се вчитува...