Македонија загуби од домаќинот на „Трофеј Србија“

Македонските ракометарки до 16 години го загубија и вториот меч на „Трофеј Србија“ кој се одржува во Лозница. После поразот од Австрија, нашите ракометарки беа поразени и од домаќинот на овој турнир со 27-22.

Ракометарките имаа одличен прв дел, кога имаа само еден гол негатива (13-12). Меѓутоа во вториот дел, при резултат 17-16 за Србија, една долга низа на голови на домаќинот и предност од шест голови 22-16, предност која успеаја да ја задржат до крајот.

Утре Македонија ќе игра против Црна Гора во последниот меч на овој турнир.

Се вчитува...