Ракометната женска репрезентација на Македонија, вечерва од 17 часот во Куманово против Белгија ќе мора да триумфира, ако сака да остане во игра за пласман на Европското првенство годинава.
За такво нешто ќе треба да се совлада Белгија и тоа со најмалку два гола разлика, а потоа да се чекаат и два порази на Белгијките во последните две кола во дуелите против Словенија и против Германија.
За да се пласира на континенталниот собир, ракометарките ќе мора да бидат меѓу топ четирите третопласирани селекции во групите.
„Ќе биде многу ова многу поважен натпревар, и мислам дека ќе се покажеме во подобро светло. Мора да бидеме фокусирани од првата секунда за секој напад и одбрана. Аналзиравме што погрешивме и ќе ги поправиме грешките. Мотивација има кај сите, посебно за мене што играм во Куманово, и очекуваме полна сала и победа“, вели Јована Кирпијановска.
Андреа Илиќ смета дека одбраната ќе биде клучна за да се дојде до победа против Белгија.
„Одбраната ќе биде клучна за победа. Ги анализравме грешките од првиот меч, и ако ги поправиме, сметам дека можеме да победиме“, рече Андреа Илиќ.
Ана Марија Коларовска посакува дисциплина во одбраната, и трпеливост во нападот.
„Атмосферата е на вистико ниво, знаеме што значи овој меч за нас, и свесни сме дека со борбеност и дизцвиплина ќе победиме. Свесни сме за грешките кои ги направивме на првиот дуел и кои треба да ги поправиме. Клучно ќе биде дисциплината во одбрана и трпеливоста во напад, и ако играме тимски, ќе стигнеме до оваа победа“, потенцираше Ана Марија Коларовска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

