Македонската женска ракометна репрезентација ја совлада Белгија со 33-28 во квалификациите за пласман на Европското првенство, и така дојде до потребниот триумф од два и повеќе разлика, за да остане во игра за пласман на континенталниот собир оваа година.
На голот блескаше Андреа Илиќ, која запиша 12 одбрани, додека во нападот се истакна Марија Јанкуловска која постигна осум погодоци. Ја имаше поддршката и од Младеновска, Кирпијановска и Стефаноска кои постигнаа по шест погодоци.
Освен на почетокот на мечот кога нашите ракометарки имаа негатива, откако го презедоа водството од 7-6, не го испуштија до крајот на мечот. Во вториот дел Илиќ беше несовладлива на голот, не дозволи Белгијките да се доближат, а во нападот се реализираа голови, за највисоки +7 (31-24). Белгија успеа во последната секунда да намали и така да дојде до пристијна негатива од пет гола разлика.
Кај гостите „симултанка“ одигра Антонисен, која постигна 13 голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

