Вардарци преку Бутел и Е.Пелистер 2 до Ф4 во Купот на Македонија

Ракометарите на Вардар со две победи за само неколку часа, успеаја да се пласираат во завршницата на Купот на Македонија.

После триумфот над Бутел, „црвено-црните“ го совладаа и составот на Еуфофарм Пелистер 2 со 27-22, и така се пласираше меѓу најдобрите четири во најмасовното натпреварување.

Битолскиот тим добро се држеше во првиот дел, кога Вардар имаше само два гола предност (14-12). Е.Пелистер 2 држеше добро и на почетокот на вториот дел. При 18-17, гостите не реализираа два напади за израмнување.

Ова како да беше аларм за будење на Вардар, кој брзо се одлепи, и ги разреши сите дилеми околу победникот.

Митровиќ со шест гола беше најефикасен кај победничкиот тим, додека ја Еурофарм Пелистер 2 Славков постигна девет гола.

Вардар е вториот тим кој обезбеди Ф4, откако претходно тоа го стори и Еурофарм Пелистер.

Се вчитува...