Раул Гонзалез претставен во Партизан

Раул Гонзалес официјално стана нов тренер на ракометниот Партизан! Шпанскиот стратег, актуелен селектор на Србија, потпиша двогодишен договор со црно-белите – ќе го води тимот од летото 2026 до 2028 година.

Гонзалес, кој со Вардар ја освои Лигата шампиони, најави амбициозен проект сличен на „златното“ време на Вардар.

„Управата на клубот ми објасни каква идеја има и ме привлече можноста истовремено да бидам и дел од репрезентацијата и да ги запознаам играчите, лигата и екипите. Сите се среќни тоа е голем клуб, кој расте. Само тоа што фудбалскиот и кошаркарскиот клуб се на тоа ниво, прави овој клуб да е на друга димензија. Мислам дека се функционира добро. Тимот игра добро, има донри играчи и добар тренер. Оба што треба да се обиде, е да настави со работа. Тоа не се постигнува во еден ден, туку од година во година“, изјави Раул Гонзалез. 

Се вчитува...